Научници од Универзитетот во Вашингтон со помош на ПЕТ скенирање дојдоа до заклучок дека женскиот мозок е помлад за скоро четири години од машкиот. Се надеваат дека со ова ќе може да се објасни зошто женскиот мозок е поотпорен на губење на помнењето, како и на невролошките заболувања во староста.
Познато е дека стареењето на мозокот е поврзано со постепеното намалување на метаболизмот во мозокот. Со испитувањата, научниците се обиделе да ја проценат „староста“ на тој метаболизам.
Како што зрелото доба напредува, сѐ помало е количеството глукоза која „се пумпа” до човечкиот мозок, што и го намалува дотокот на енергија. Глуколизата којашто го покренува шеќерот научниците ја означиле како маркер за староста на мозокот. Потоа следеле ПЕТ скенови (тестови за заболувања) над 121 жена и 84 мажи, што им овозможоло да го измерат нивото на кислород и глукоза што минува низ нивните мозоци.
Врз основа на добиените податоци и користејќи алгоритам за машинско пресметување, заклучокот гласи дека мозокот на жената е во просек 3,8 години помлад од вистинската хронолошка возраст.
Еден од авторите на изражувањето, проф. Ману Гојал, смета дека ова е прилично цврст показател на мерливите разлики меѓу половите.
– Дури кога ќе почнеме да разбираме како разните фактори поврзани со полот можат да влијаат на стареењето на мозокот, може да дојдеме до одговори околу тоа како тоа влијае на ранливоста на мозокот и на невродегенеративните болести, нагласи тој.
– Метаболизмот на мозокот може да ни помогне да објасниме некои од разликите коишто ги гледаме меѓу мажите и жените додека стареат, додава проф. Гојал.
Во тестирањата учествувале лица на возраст од 20 до 82 години и, младоста на женскиот мозок не се забележува само кај повозрасните жени, туку и кај девојките.
Нареден чекор е следење – како оваа теорија се одвива во реалноста, односно дали луѓето што изгледаат умствено помлади навистина се поотпорни на намалување на мозочната работа.
Текстот Женскиот мозок е четири години „помлад” од машкиот е превземен од USB.mk.