За прв пат во историјата во една земја, се продадени повеќе електрични автомобили отколку дизели и бензинци заедно
Продажбата на електрични автомобили во Норвешка оваа година е 58,4%, што оваа скандинавска земја само ја зацврстува како лидер во користењето на еколошки возила.
Најпродаван автомобил е Tesla Model 3 со 5.315 регистрирани единици.
Целта на Норвешка, која е една од најголемите светски извозници на нафта, е да ја запре продажбата на конвенционални автомобили до 2025 година.
Владата на Норвешка ги охрабрува своите граѓани да купуваат EV возила преку разни субвенции, како што се ослободување од ДДВ и даноци на издувни гасови, пониски царински давачки, патарини, паркинг, траект …
Текстот Живеат од нафта, а купуваат електрични автомобили е превземен од USB.mk.