Веќе е познат фактот дека злоставувањето оставува последици во однесувањето, предизвикани од траума, меѓутоа, пронајдени се докази дека лицата кои се злоставувани во детството можат да се препознаат благодарение на ДНК кодот, пренесува The Independent.
Во ново истражување на универзитетот Харвард, се пренесува дека злоставувањето на децата може да остави поголеми траги од траумата. Всушност сите последици од траумата можат трајно да остават впечаток во ДНК кодот на детето.
Истражувањето се базираше на мал број на мажи кои доживеале злоставување и кај кои се пронајдени поинакви ознаки во генетскиот код.
При крајот на истражувањето, научниците веќе можеа според генетскиот код да ги поделат оние кои се злоставувани и оние кои не се.
Ова откритие укажува дека траумата може генетски да се пренесува од генерација на генерација во едно семејство, па така членовите кои ќе ги наследат тие гени можат да имаат проблеми со депресија.
Секако, овие резултати не се конечни и ќе бидат потребни дополнителни истражувања.
Извор: Klix.ba
Текстот Злоставувањето на децата може да остави белези во нивниот ДНК код е превземен од USB.mk.