Ако се обидувате да живеете еколошки и да спречите глобални катастрофи, како што е уништувањето на океаните, формулата е едноставна – користете ги работите повеќе пати и поретко купувајте нови.
Пластичните кеси не се разградуваат и ја загадуваат околината, животот во морињата и природната средина воопшто. Но, за изработка на органските памучни кеси се троши повеќе вода, енергија и други ресурси. Дали памучните кеси се подобри или полоши од пластичните? Експертите велат дека не постои едноставен одговор.
Јасно е дека пластичните кеси не се разградуваат, ги загадуваат океаните, животот во морињата и ја загадуваат целата околина воопшто. Меѓутоа, за изработка на органски памучни кеси се троши повеќе вода, енергија и многу други ресурси и затоа не се добра замена. Поради тоа, постои тврдење дека ниту памучните ниту хартиените кеси не се добро решение. Поточно, се тврди дека еколошки се поприфатливи пластичните, полиетиленски кеси со ниска густина. Можете да ги препознаете по тоа што се попроѕирни од класичните.
Данските еколози тврдат дека со нивно палење се прави помала штета отколку со памучните кеси.
Памучните кеси треба да се употребуваат повторно, илјадници пати, за да бидат еколошки поприфатливи од полиетиленските. Освен тоа, се смета дека органскиот памук е полош од класичниот кога станува збор за вкупното влијание врз околината. Неговото производство повеќе загадува од производството на обичен памук – се троши многу енергија и многу вода, иако се употребува помалку ѓубриво и пестициди. Би требало да се употребат околу 20 илјади пати повеќе од обичните памучни кеси за да бидат покорисни од нив. Покрај тоа, памукот не може успешно да се рециклира бидејќи за тоа постои малку инфраструктура.
Исто така, изработката на хартиени кеси лошо влијае врз околината. Полоши се од полиетиленските кеси бидејќи поради нив се уништуваат шумите. Најдоброто решение, според данските еколози, е следното: какви кеси и да имате дома во моментов, немојте да ги фрлате. Искористете ги додека не се распаднат и немојте да купувате нови.
Извор: National Geographic.rs
Текстот Зошто памучните кеси се најлоша замена за пластичните? е превземен од USB.mk.