Голем број теоретичари на заговор се сомневаат дека британската кралица е заболена со коронавирус, откако во јавноста беше објавена веста дека еден од членовите на послугата, заболен од опасниот вирус, бил во близок контакт со неа. Британските медиуми пренесуваат дека тој веднаш бил испратен дома во самоизолација.
Оваа вест ја објави британски „Сан“, повикувајќи се на неменувани извори од кралската палата.
„Сите се ислпашени, не само поради себе, туку и поради кралицата и војводата. Ако сите околу нив сеуште не се тестирани, би требало да бидат. И убеден сум дека ќе бидат. Во моментов во воздухов постои опипливо чувство на страв“, вели неименуваниот извор од кралската палата.
Како што е наведено во изјавата, во прашање е член од послугата, кој бил задолжен, меѓу останатото, да однесе и пијалок и оброк на 93 годишната кралица. Исто така бил овластен да и ги носи писмата и да ги шета кралските кучиња.
Текстот Кралицата во контакт со член од послугата заразен со коронавирус е превземен од Reporter.mk.