Мајката на Нејмар фати 22-годишен дечко

Mајката на фудбалската ѕвезда Нејмар, 52-годишната Надин Гонсалвес, е во врска со 22-годишниот Тијаго Рамос, пишуваат бразилските медиуми. Надин неодамна се разведе од таткото на Нејмар,а според медиумите, таа го оставила за 30 години помладиот дечко. Тијаго, које голем фан на фудбалерот на ПСЖ, е 6 години помлад од Нејмар.

Откако Надин слика со Тијаго на Инстаграм и откри дека се во врска, таа доби јавна поддршка од нејзиниот син, но и од поранешниот сопруг. „Биди среќна мамо, те сакам“, ѝ напиша Нејмар во коменатрите.

Бразилските медиуми тврдат дека Тиојаго се сретнал со Нејмар првпат во јануари, иако пред дури три години му пратил порака преку социјалните мрежи дека сака „да му биде брат и да играат заедно“.

 

Текстот Мајката на Нејмар фати 22-годишен дечко е превземен од Reporter.mk.