Поранешната девојка на популарниот пејач горела пред 400.000 следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Бријана Јунгверт, убавата Американка која што има дете со британскиот пејач Луи Томлнсон, случајно се запалила во текот на Инстаграм лајв вклучувањето.
Бријана покажала како се дружи со својата пријателка додека е во самоизолација, а запалила и свеќи во собата.
„Луѓе, јас горам“, одненадеш рекла Бријана и покажала како дуксерот ѝ гори затоа што се наведнала над запалената свеќа.
Додека таа се однесувала смирено, нејзината пријателка почнала да вреска.
На Бријана следбениците ја искритикувале поради неодговорното однесување – нејзиниот четиригодишен син спиел во собата покрај неа, додека таа горела, а наместо да го изгаси пламенот таа почнала да се смее.
Текстот (Видео) Американка се запали во живо на Инстаграм пред фановите е превземен од Reporter.mk.