Мартин и Стефан Филиповски, познати како рок-дуото „Некст тајм“, во изолација го препеаја хитот на Владо Јаневски, „Што и да е ќе помине“. Браќата снимија видео во нивното домашно студио, а некои од фановите велат дека нивната верзија е подобра од оригиналот.
Мартин и Стефан последниве години не снимаат рок песни, со кои се прославија и по кои станаа препознатливи, туку прават преработки на стари македонски народни песни.
Текстот (Видео) Некст Тајм преработија хит од Владо Јаневски е превземен од Reporter.mk.