10 градови во светот каде живеат најубавите мажи

Екипата на сајтот Traveler’s Digest составила листа од 10 градови каде можете да ги видите најпривлечните мажи.

Еве каде живеат:

10. Тел Авив (Израел)

Имајќи предвид дека се наоѓаат во непосредна близина на Медитеранското море, ова место има важна современа култура која станала културна сцена и стана вистински светски тренд. Без разлика дали се на плажа во текот на денот или навечер, мажите од Тел Авив пленат и зрачат со својот шарм и убавина.

9. Милано (Италија)

Еден од најмодерните градови на светот, каде најмногу се прати модата има најимпресивни мажи, кои се познати по златниот тен и желбата за флертување.

8. Берлин (Германија)

Еден од културно најразличните градови во Европа. Во овој град, мажите се стремат кон тоа да бидат интелектуалци со цврста желба за знаење и авантуристички дух. Уживаат да ги забавуваат жените со пријатна конверзација. Германците се инаку познати по својата интелигенција, оригиналност и добриот изглед.

7. Мадрид (Шпанија)

Познати се и како латино љубовници, затоа што се паметни, секси и романтични. Ако на тоа го додадеме и неизбежниот модерен и софистициран шарм, тогаш ви е јасно зошто се наоѓаат на листата на најатрактивни мажи на светот.

6. Сиднеј (Австралија)

Мажите од Сиднеј важат за шармантни, духовите, интелигентни, паметни и силни мажи, а она што веројатно ги освојува сите жени е нивниот секси акцент.

5. Буенос Аирес (Аргентина)

Аргентинките спаѓаат во листата на најубави жени на светот, но и мажите не заостануваат. Тие се секси, сензуални, умеат да играат танго, а притоа се љубители на спортот и се образовани.

4. Лисабон (Португалија)

Тие се стремат кон тоа да бидат сестрани, добро образовани и големи патриоти. Воглавно се високи, спортски градени и харизматични, а често се изненадуваат со разбирањето на својата култура и наследството на другите народи. Многу ценат луѓе кои сакаат да импровизираат и да заведуваат.

3. Амстердам (Холандија)

Тие се повеќе од просечни Европејци, софистицирано се облечени и вистински џентлмени се. Многу се љубезни и комуникативни.

2. Њујорк (САД)

Некои велат дека ова е еден од највозбудливите градови на светот, кому токму мултикултурноста ја овозможува долгата листа на атрактивни мажи.

1. Стокхолм (Шведска)

Постојат стереотипи дека во прашање се емотивно дистанцирани мажи, но естетски гледано, не може да се порекнат нивните нордиски атрибути и исклучителната висина. Просечниот маж во Стокхолм е секогаш беспрекорно облечен и хедонист, кој ужива во храната, модата и националната храна.  

Текстот 10 градови во светот каде живеат најубавите мажи е превземен од Reporter.mk.