Во текот на есента и зимата, поголемиот дел од времето го поминуваме на затворено.
Воздухот во куќата кои го третираме како приватен азил може да биде многу позагаден отколку надвор. За среќа, квалитетот на возухот може да се подобри со прочистувачот кој ќе елиминира до 99,97% од штетните загадувачи. Еве десет причини поради кои би требало да вложите во прочистувачот на воздух и зошто да го користите во текот на целата година.
Без разлика на годишното време, загадувањето кое е штетно за нашето здравје лебди во воздухот. Прочистувачот на воздух е најефикасниот начин против прашината, смогот, алергените, бактериите, непријатните мириси и цигарите.
Благослов за здравје
Чистиот воздух еисклучително важен за нашето здравје и добробит. Благодарение на него, вдишуваме чист воздух, полесно ние да се сконцентрираме, телото делува поефикасно, а ние поретко се разболуваме. Меѓутоа, сè почесто слушаме за лошата состојба на воздухот надвор.
Предупредувањата за смогот во есен и зима се составен дел од секое објавување на временската прогноза. Маските против смогот ни помагаат да се заштитиме од смогот и загадувањето додека шетаме или трчаме. Но, забораваме дека невидливите штетни честички продираат и во нашиот дом, кој исто така е дом за разните бактерии и прашина. Прочистувачот на воздух дома игра улога на анти-смог маска.
Помалку алергии
Прочистувачот на воздух е голема помош во борбата против проблематичните симптоми на алергија. Чистиот воздух е од посебно значење за личноста која пати од алергија и астиматичарите, затоа што помалку загадувања лебдат во воздухот, поблаги се нивните симптоми и со само тоа – подобро е расположението.
Мирисот во куќа
Готвењето, силните детергенти, димот од цигари или животните кои трчаат се некои од многуте фактори кои влијаат врз мирисот во нашите домови. Честото отварање на прозорецот не е доволен во потполност да се решите од несаканите мириси. Во таквите ситуации ќе ви помогне прочистувачот кој со јаглеродот ги трга непријатните мириси.
За добробит на децата
Многу е важно да се осигура квалитетен воздух во просториите каде што најмалите се забавуваат и спијат. Здравиот сон е основа на детскиот развој. Чистиот воздух значи дека нема штетни честички во воздухот, а со самото тоа и помал е ризикот од бесоните ноќи односно ќе допринесе за полесно дишење.
На пример, Самсунг уредите за прочистување на возухот нема да го разбудат заспаното дете благодарение на исклучително тивката работа. Покрај тоа, екранот на уредот во ноќниот режим е исклучен. Кога бирате прочистувач за детската соба, вреди да обрнете внимание на дополнителните функции кои ќе им го олеснат животот на родителите.
Животните и нивните влакна
Дури и најосновната грижа за чистотата и редовното поминување со првосмукалка врз мебелот, подовите и тепихот од крзно и прашина можеби нема да биде доволно доколку крзнениот домашен миленик живее под вашиот кров. Животните постојано губат влакна, што предизвикува повеќе прашина во куќата. Прочистувачот ќе управува со честичките од воздухот, кучеето или мачето, а исто така ќе ги неутрализира и специфичните мириси.
Тест на белите ракавици
Понекогаш дури и секојдневното чистење не е доволно за да биде куќата чиста. Прашината се собира многу побрзо доколку во нашиот стан има полно предмети како што се ткаенините, перниците или тапацираниот мебел. Прочистувачот на воздух ќе биде корисен во борбата против постојаната прашина, затоа што може да ги дофати честичките од воздухот пред да легнат врз мебелот. Благодарение на тоа, членовите на домаќинството добиваат повеќе време за одмор.
Сопрете ги инфекциите
Прочистувачот на воздух не само што ја лови прашината и нечистотијата, туку и разните бактерии кои поттикнуваат развој на инфекции. Чистиот воздух значи поголема удобност до дишењето во текот на денот и подобар сон навечер.
Дим од цигари
Сите знаеме дека пушењето е штетно за здравјето. За жал, дури и непушачите кои престојуваат во собата усполнета со дим се изложени на негативните влијанија. Прочистувачот одлично се снаоѓа со димот кој продира низ воздухот додека пушите цигари и го неутрализира карактеристичниот, непријатен мирис.
Не можете да отворате прозорци
Кога ќе почне сезоната на греење, квалитетот на воздухот вон прозорецот драматично опаѓа со температурата. Смогот чии ќелии лебдат во воздухот може да предизвикаат проблеми со дишењето, како и да предизвикаат мигрени. Меѓутоа, опасните честички од смогот може да се тргнат со помош на прочистувачот.
Еколошки
Некои прочистувачи имаат заменливи филтери кои лесно се менуваат и кои се во сотојба да обезбедат висока ефикасност со користењето на мала количина енергија, а со самото тоа без голем трошок. Грижете се не само за своето семејство, туку и за добробитот на целата планета.
Текстот 10 причини поради кои треба да имате прочистувач на воздух е превземен од Reporter.mk.