Многу е полесно да организирате забава во лето отколку во било кој друг период од годината.
Лесно можете да ги повикате пријателите во природа, во куќата на родителите, да изнајмите летниковец или викендичка.
За да сѐ би поминало совршено, искористете ги нашите трикови за да организирате „кул“ летна забава.
1. Припремите го фрижидерот
Дали некогаш сте морале да играте тетрис со фрижидерот? Ова е единствената игра која никогаш не може да биде забавна, особено ако се брзате да им се вратите на своите гости и морате веднаш да замрзнете што е можно повеќе лед и да ги тргнете чиниите со грицки.
Правилно организираниот простор во фрижидерот – е вистинскиот клуч за забава без стрес. Разгледајте го системот на садови и додатни полици, погрижете се да имате доволно фолии или хартиени кеси, како и да сочувате што е можно поголем простор.
2. Организирајте скара на забавата
Скарата е тајната на успехот кога се во прашање летните забави. Испржете го месото, спремете ги колбасиците, печурките и зеленчукот, украсете ги со сос и зачини, а за половина час можете да ја припремите целата храна.
3. Заборавете на тешките рецепти
За да не се замарувате со припремените сложени рецепти, изберете едноставни рецепти и грицки. Можете да купите специјален пченкарен сируп, да направите авокадо или некој вкусен сос. Припремите салата од свежи краставици, исецкајте овошје – ова ќе биде сосема доволно да послужи како додаток во главното јадење.
4. Размислете за алкохолот и безалкохолните пијалаци
Припремите специјални пијалаци на посебена маса. Организирајте вина, сокови и овошје така што секој гостин ќе може да си подготви свој коктел. Погрижете се да секој да има доволно лед, а исто така обидете се да избегнувате да користите неудобни и тешки чаши кои лесно можат да се скршат.
5. Купете еднократни садови за употреба
Ова ќе ве спаси од заморното чистење. Купете специјални еднократни чинии, лажици, салфетки и чаши, обидувајќи се да им дадете целосна предност на комплетите од хартија. Побарајте летни сетови – со светли детали. Користете тенок пластичен чаршаф (мушама) за да можете подоцна полесно да ги тргнете мравките и остатоците од масата без да морате да ја бришете површината.
6. Организирајте музика за забава
Расположението на журката ќе зависи од музиката, па затоа посветете некое време на организирање и припремање на добра плејлиста.
7. Не заборавајте однапред да купите креми против комарци и креми за сончање
Погрижете се вашите пријатели да запамтат колку е важно редовно да се користат кремите против сончевите ув зраци. Употребете свеќи или мирисни масла протов комарците.
8. Размислете за декорот и за осветлувањето
Ако вашата забава трае до доцна навечер, размислете како ќе го осветлите просторот. Дали е можно да поставите неколку свеќи без притоа да предизвикате пожар?
9. Организирајте игри на отворено
Најдобар начин за вашите гости да се забавуваат на било каква забава, без употреба на многу алкохол, е да ги користите забавните игри. Побарајте некоја едноставна забава како што е твистерот, но размислете колкав слободен простор ќе имате на располагање. Исто така погрижете се масата за скара и грицки да бидат заштитени од ентузијастичните играчи.
10. Размислете за чистењето
Побарајте помош од другите за чистење, не обидувајте се сѐ да направите сами. Дури и ако секоја личност собере неколку чинии, тоа веќе ќе се покаже како значајна помош. Така ќе го скратите времето на чистење на неколку минути, а пријателите ќе се чувствуваат што е можно повклучени во оваа забава.
Текстот 10 трикови за совршена летна забава! е превземен од Reporter.mk.