11-годишна Иранка Тара Шарифи, која со семејството живее во Велика Британија, официјално стана најпаметниот човек на светот. Таа, како ученичка во британското училиште „Аилсури“, го полагала тестот за интелигенција Менса и освоила 162 поени. Тој резултат ја прави попаметна од Алберт Ајнштајн, кој иако никогаш не го полагал тестот, имал коефициент на интелигенција од 160. Ист коефициент на интелигенција имал и Стивен Хокинг. Границата на генијалноста, пак, изнесува 140 поени.
Резултатот од тестирањето бил големо изненадување за сите, а особено за Тара.
„Бев шокирана кога ми кажаа“, рекла таа.
Нејзините родители одлучиле Тара да го полага тестот во Оксфорд, бидејќи верувале дека нивната ќерка е многу интелигентна.
„Знаев дека е паметна затоа што во разни квизови ќе одговараше на прашања, особено математички, наместо самите конкуренти. Сепак, не се надевав дека има толку висок коефициент на интелигенција“, рекол татко ѝ Хосеин Шарифи.
Тара, пак, за британските медиуми открила дека кога ќе биде постара, би сакала да се занимава со нешто поврзано со математика или наука.
Текстот 11-годишно девојче со интелигенцијата го надмина Ајнштајн е превземен од Reporter.mk.