Хулија Флорес Колке од Боливија е најстарата жена во светот. Родена е на 26 октомври 1900 година и за два месеца ќе наполни 118 години. Потекнува од рударско село во планините на Боливија. И на 118 години, обожава да пее и да чаранго, пренесуваат светските медиуми.
Во текот на нејзиниот долг живот, Хулија била сведок на две Светски војни, револуции во родната Боливија и трансформација на нејзиното рурално место Сакаба од село со 3.000 жители во град од 175.000 жители.
Нејизиното име сепак не е запишано во Гинисовата книга на рекорди, оти не е поднесено официјално барање таа да се запише како најстара жена. Медиумите во Боливија пишуваат дека Хулија воопшто не слушнала дека постои таква книга.
Текстот 118-годишната Хулија од Боливија е најстара жена во светот е превземен од Reporter.mk.