12-те момчиња од пештерата: Ние сега сме семејство!

Дванаесетте деца од Тајланд и нивниот фудбалски тренер, кои минатата недела беа спасени од поплавената пештера, денеска првпат се појавија во јавност на конференција за новинарите во Чијанг Раиј.

Групата излегла од болница и на конференцијата за новинари одговараа на прашањата за искушенијата што ги снашле во пештерата во која беа заробени 17 дена.

Момчињата откриле со што би сакале да се занимаваат кога ќе пораснат, а повеќето од нив навеле дека сакаат да бидат фудбалери.

Тие во текот на конференцијата изнесоа слики од нуркачот што загина за време на спасувачката акција.

„Фала што дојде да нè спасиш! Те почитуваме и жал ни е! Почивај во мир!“, порачаа момчињата.

„Станавме како семејство“, изјави едно од момчињата.

„Разговаравме за тоа како да најдеме излез. Мислевме дека постои уште еден излез од другата страна на пештерата“, изјавил тренерот.

„Бевме уморни и гладни, само сакавме да јадеме нешто“, изјави најмладиот член меѓу децата со насмевка на лицето.

Тренерот откри дека спиеле на песокот и камењата, дека немале храна, туку само вода, која капела од карпите и дека ги учел како да се молат.

Тој изјавил дека верувале оти нуркачите ќе дојдат по нив.

Едно од момчињата открило дека првите зборови на нуркачите што ги пронашле биле: „Ова е чудо!“

Тој додал дека ги прашал: „Колку ве има тука? 13? Сјајно!“

“It was a miracle, I was shocked”

One of the 12 boys who was rescued from a flooded cave in Thailand with their football coach describes moment divers found them https://t.co/kxjOi09jXF #ThaiCaveRescue pic.twitter.com/CbYOIxYldE

— BBC News (World) (@BBCWorld) 18 July 2018

Друг додал: „Колку сте гладни?“

Сите членови на младиот фудбалски тим се претставиле, а прв меѓу нив бил тренерот Екапол Чантавонг кого го дочекаа со громогласен аплауз.

Еден од спасувачите што ги пронашол момчињата открил дека кога биле пронајдени, го прашале кога ќе излезат надвор и изразиле желба да јадат.

Пред почетокот на конференцијата децата го прегрнале фудбалот на импровизираниот терен, а им се приклучиле и школските другари.

Потоа се вратиле во своите домови кај семејствата, велат официјалните лица.

„Причината за одржувањето на оваа конференција за новинарите е медиумите да можат да им постават прашања, а потоа да се вратат на нормалниот живот, без медиуми кои би ги вознемирувале“, изјавил портпаролот на шефот на владата на Тајланд.

Тој додал дека тоа ќе биде нивното единствено официјално интервју велејќи дека нема да има повеќе разговори со новинарите за ова.

Тие ги замолиле медиумите и јавноста да им ја почитуваат приватноста затоа што, како што навеле, изненадувачкото медиумско внимание може да се одрази врз менталното здравје на момчињата.

„Не знаме какви рани носат децата во своите срца“, изјавил денаска пред новинарите официјалниот претставник од Министерството за правда.

Некои од телевизиските личности на Тајланд се пошегуваа дека со помош на момчињата ќе им се подигне телевизискиот рејтинг на емисиите за време на оваа конференција, која носи име „Тајланд иде напред“ и обично е резервирана за монотони разговори за успехот на воената влада.

„Ова е приказна што сите на Тајланд сакаат да ја слушнат. Не гасете го телевизорот, не намалувајте го тонот“, се пошегува водителот на телеивизјата VOICE, која често ја критикува воената влада во оваа земја.

Прашањата што новинарите ги поставиле ги прегледале психијатри за да се осигурат дека момчињата нема да се вознемират.

 

 

 

Текстот 12-те момчиња од пештерата: Ние сега сме семејство! е превземен од Reporter.mk.