Лоран Симон на неполни осум години го запиша третиот факултет. Тој студира на три престижни универзитети во Холандија, Белгија и Германија. Оттаму го доби и прекарот најпаметно момче во Европа. Лоран има коефициент на интелигенција 145.
Основното училиште го завршил за две години, а се запишал на школо на 4-годишна возраст. Омилен предмет му е математика, рекол неговиот татко во интервју за „Би-би-си“.
„И кога беше помал имаше проблеми да си игра со останатите деца на негова возраст. Лоран никогаш не го интересирале играчки“, открил таткото за „Би-би-си“.
Лоран, пак, вели дека сака да стане хирург и астронаут, но дека размислува и за информатичката технологија.
Текстот 8-годишно момче студира на три факултети е превземен од Reporter.mk.