На 90 години Елена Михајловна патува сама низ светот и се забавува. Штом се пензионирала, многу размислувала за тоа што да прави со своето слободно време, па пред шест години решила да го прошета светот со нејзиниот ранец, пишуваат руските медиуми. Таа досега ги посетила Германија, Турција, Полска, Израел и Чешка и се надева дека ќе продолжи со патувањата.
Елена има фотографии од патувањата со камила и мотоцикл, бањи со морска вода, егзотична храна, а на една од последните авантури, Елена скокала со падобран.
Туристичкиот агент на Елена во Краснојарск за руски медиум изјави дека по седум години работа во туризмот „првпат гледа некој на оваа возраст да поседува толку сила и здравје за да патува повеќе од 7.000 километри“.
Кога на 83 години Елена почнала да патува низ светот, планирала со парите од пензијата да патува на две дестинации годишно. Таа не се откажува и сака да патува многу повеќе. Сега планира да оди во Шпанија или Италија.
Текстот 90-годишна баба сама патува низ светот и објавува слики на „Инстаграм“ е превземен од Reporter.mk.