Од руската авиокомпанија „Аерофлот“ соопштиле дека ќе продолжат да го плаќаат семејството на загинатиот руски стјуард Максим Мојсеев, се додека неговиот четиригодишен брат не наполни 18 години.
21 годишниот Максим загина во авионската несреќа која се случи на аеродромот Шереметјево. Рускиот стјуард го ризикувал животот да ги спаси патниците од огнената стихија која го зафатила задниот дел на авионот. Максим кој е прогласен за херој, загинал обидувајќи се да ја отвори вратата за итни случаи.
Огнот во авионот на компанијата „Аерофлот“ настанал набрзо откако полетале од руската престолнина. Пилотот морал да сврти и принудно да слета на аеродромот во Москва. Од 78 патници на летот SU149 , настрадале 41 лице.
Меѓу загинатите имало и две деца. Авионот кој полетал од Москва требало да слета во рускиот град Мурманск. Руските власти во регионот Мурманск прогласија тридневна жалост.
Текстот „Аерофлот“ ќе продолжи да го плаќа семејството на загинатиот руски стјуард е превземен од Reporter.mk.