Австралиските модели воведоа ново правило кај фотографирањето, познато како „мегренозна поза“. Како што вели и самото име, тоа е поза во која дланката се држи на главата, нешто слично како во моментите кога имате главоболка.
Професионалната шминкерка од Лос Анџелес Нам Во на жените им препорачува да ја користат токму ваквата поза. Жените ширум светот, веќе на големо го имаат прифатено ваквиот начин на фотографирање, а голем број фотографии веќе можат да се забележат на социјалните мрежи.
„Во вели дека со користењето на „мигренозната поза“, автоматски девојките добиваат еден вид на фејслифтинг“, пренесува Дејли Мејл.
„Ми се допаѓа поради тоа што раката му дава на лицето поизразит облик. Јас секогаш ги поттикнувам моделите така да се фотографираат. А тоа е добар начин да се покаже и маникирот. Најголемата предност е тоа што позата на моделот му дава „инстант фејслифтинг““, изјавила Нам Во за Ел.
Тие кои патат од хронична мигрена од друга страна се бесни поради ова, затоа што сметаат дека најновиот Инстаграм тренд ги навредува нив и болките кои мигрената им ги задава.
Текстот Ако сакате лајкови, глумете дека ве боли глава е превземен од Reporter.mk.