„Ало, ќерката ви е мртва“, раскажа таткото чие дете загина во верижниот судар во Србија

Слушнав на вести дека се случил верижен судир на патот кај Белград -Ниш, па и звонев на ќерка ми Марија, бидејќи знаев дека со автомобилот тргна по тој пат. Телефонот долго ѕвонеше, а потоа се јави маж кој се претстави како полицаец и ми рече дека мојата ќерка е мртва. Ова на роднините им го раскажал таткото на Марија Чајетинац (33) од Дубље кај Трстеник, една од осумте жртви на стравичниот верижен судир кој во вторникот се случи на автопатот кај Јагодина.

Марија загинала додека од Белград одела накај дома кај родителите. Роднините на несреќната девојка велат дека слушнале за страшната несреќа од медиумите, но дека не знаеле дека една од жртвите е Марија.

„Замина од селото за да студира во Белград. Татко и има приватна фрима, па таа половина време живееше во село, а половина во Белград. Не беше мажена. Инаку во автомобилот со Марија било и нејзиното куче, кое секаде го водеше со себе„ велат роднините на Марија.

Во сообраќајната несреќа загинаа и двајца Македонци.

(Видео) Двајца Македонци загинаа во верижен судир на автопатот Белград-Ниш

 

Текстот „Ало, ќерката ви е мртва“, раскажа таткото чие дете загина во верижниот судар во Србија е превземен од Reporter.mk.