Американци не знаат да ја пронајдат Европа на мапата на светот

Познатиот американски водител Џими Кимел ја понижи сопствената нација прашувајќи ги Американците да покажат како се нарекуваат поедини земји на мапата. Отсекогаш владеело мислењето дека Американците не ги интересира остатокот од светот, но и дека се ограничени, а најновата снимка тоа само го потврди.

Неговиот тим на улиците во Лос Анџелес постави мапа на светот и ги прашувале минувачите дали можат да кажат како се вика барем една земја. Повеќето покажување на Африка, а кога им било кажано дека тоа е континент, тие биле вчудоневидени.

Случајните минувачи се чуделе зошто некој воопшто би знаел како се нарекува земјата Африка, но некои од нив не знаеле да ја пронајдат ни Америка на мапата.

Американците не знаеле ни Европа да ја пронајдат на мапата, ниту да наведат една држава од Јужна Америка.

Одамна владеело мислењето дека Американците не ги интересира остатокот од светот, но и дека се ограничени и поглупи од, на пример Европјаните.

Ова не е прв пат Американците да покажат незнаење.

Вашингтон пост во 2014 година објави истражување во кое само 14% од Американците би можеле да ја пронајдат Украина на мапата. Голем процнет од луѓето ја сместија оваа земја на Гренланд.

 

 

Текстот Американци не знаат да ја пронајдат Европа на мапата на светот е превземен од Reporter.mk.