Американците без знаење на Русите шверцувале алкохол во Меѓународната вселенска станица

Американското „Спејс икс“, летало кое за прв пат било испратено да ги достави залихите во Меѓународната вселенска станица, во себе имала и неколку литри шишиња алкохол.

Поради ваквата чудна ситуација, Русија испратила жалба до НАСА. Инцидентот се случил на почетокот на март, кога екипаж од Земјата пристигнал на Меѓународната вселенска станица, изјавил за „РИА Новости“, шефот на Центарот за обука на космонаути Павел Власов.

Поради тоа што станувало збор за пробен лет, бродот бил без екипаж и носел терет со залихи, како и кукли астронаути, наместо реален екипаж. На почетокот на март екипажот од станицата, почувствувал силен мирис на алкохол, по што направил неколку тестови. Била откриена невообичаена висока концентрација на алкохол во воздухот. Околу 6 милиграми по кубен метар.

„Пред да пристигне екипажот на Земјата, концентрацијата била само дел од милиграм“, вели Власов.

Космонаутите морале да користат системи за прочистување на воздухот, успевајќи на тој начин да ја доведат концентрацијата на 2 милиграми. Руските служби поднеле жалба до НАСА, а од американската вселенска агенција инцидентот го опишале како интересен, но не и опасен за станицата и нејзиниот екипаж.

„Спејс икс“ леталото соработува во истрагата по мистериозната афера со алкохолот, изјавиле од НАСА.

 

Текстот Американците без знаење на Русите шверцувале алкохол во Меѓународната вселенска станица е превземен од Reporter.mk.