Американецот Џејк Гарднер нема да одговара за убиството на Афроамериканецот Џејмс Скарлок, кое се случило деновиве во Омаха, откако тамошниот обвинител Дон Клајн, го прогласил пукањето како чин на самоодбрана.
На видео снимките од барот каде се случил немилиот настан, се гледа дека Гарднер го убил Скарлок во самоодбрана. Гарднер бил син на сопственикот на барот, кој ги замолил групата демонстранти, меѓу кои бил и Скарлок, да го напуштат местото. Притоа тој турнал еден од нив. По меѓусебната расправија, Гарднер го застрелал Скарлок.
Семејството на Скарлок тврди дека обвинителот избрзал со ослободителната пресуда, а нивниот семеен адвокат тврди дека 22 годишното црномуресто момче не бил од групата демонстранти во локалот.
Џејк Гарднер имал пишол на појасот и во еден момент ја подигнал маицата за да им го покаже на демонстрантите. Двајца од нив скоклнале на него, а тој испукал два куршуми како предупредување. Во тој момент го погодил Скарлок, кој починал како последица на здобиените рани.
Текстот Американец нема да одговара за убиство на момче во немирите во САД, го застрелал во самоодбрана е превземен од Reporter.mk.