Шеесетгодишната жена Мери Жан Пјер, станала милионерка откако го тужела својот работодавец, кој и врачил отказ на основа на прекршување на нејзните основни граѓански права.
Исто така судот донел одлука работодавецот да ѝ плати на Мери 21 милион долари поради нанесување на емоционална болка. Мери работела во хотел во Мајами повеќе од една деценија.
Таа била ангажирана да ги мие садовите, но го известила својот работодавецот дека не може да работи во недела, за да може да оди во црква ѝ да присуства на миса. Таа работела се до март 2016 година, кога добила отказ од шефот.
Отказот го добила затоа што не сè појавила на работа секоја недела, во период од два месеци. Нејзиниот претходен шеф ја ослободувал во неделата, но работите се смениле со доаѓањето на новиот шеф.
Нејзиниот адвокат во тужбата навел дека ѝ нејзиниот поранешен шеф го прекршил Законот за граѓански права од 1964 година, кој ги штити работниците од дискриминација на основа на вера, раса, пол и потекло.
Судот минатата недела донел одлука во корист на Мери, а на хотелот му наредил да исплати оштета од 21 милион долари, износ во кој биле пресметани заостанатите плати, како и оштета за нанесување на емоционална болка.
Текстот Американка добила отказ, тужела па станала милионерка е превземен од Reporter.mk.