Американски астронаут се нашол во непријатна ситуација со своите руски колеги, на Меѓународната вселенска станица, откако не можеле да најдат заедничко решение за проблемот со истекувањето на кислородот.
Руските астронаути сакале да ја испочитуваат наредбата која доаѓала од Руската вселенска агенција на Земјата и брзо да го поправат проблемот користејќи само четкичка за заби и мини камера ендоскоп.
На станицата се создале микро-пукнатини од која истекувал кислород.
Протекувањето на кислородот бил забележан во четвртокот вечерта, а по активирањето на алармот, членовите на екипажот веднаш се сместиле во рускиот дел на станицата.
Почнале да ги блокираат модулите на станицата еден по еден. На крајот го откриле изворот на проблемот.
Две ситни пукнатини биле откриени во трупот на вселенското летало и се прегледани од страна на руските астронаути со помош на импровизирани средства.
Користејќи вообичаена четкичка за заби и ендоскоп, утврдиле дека една од двете милиметарски пукнатини го пробила трупот и пропуштала воздух.
Контролата на мисијата им дала инструкции на астронаутите Олегу Артемјеву и Сергеј Прокопиев веднаш да почнат со спречување на истекувањето на кислородот. Проблемот и паниката меѓу присутните во станицата настанале откако од американскиот Вселенски Центар во Хјустон повториле дека американскиот астронаут и командир на ISS Ендрју Фејстел, не се согласил со планот на Русите.
Фејстел, како што известуваат медиумите сакал дополнителни 24 часа, за да може да ги разгледа сите можни опции за решавање на проблемот. Тој сметал дека истекувањето на кислородот, барем до тој период, не претставувал никаква посериозна закана за станицата и тамошниот екипаж.
Американскиот астронаут одбил да соработува со неговите руски колеги и да учествува во поправките, се додека НАСА и Руската вселенска агенција не дадат заедничка согласност од Земјата.
Русите самите се занимавале со поправката, а во четвртокот вечерта успеале да ја затворат пукнатината, користејќи епоксидна смола и самолеплива лента. И двата алата се дел од стандардниот сет за поправка.
Нивото на воздух бил исполнет во станицата, а истовремено астронаутите барале и други пукнатини со цел да се избегне понатамошно губење на кислородот. Во петокот на астронаутите им било советувано да стават уште еден слој од смолата и лентата, со цел да се закрпи дополнително пукнатината.
„Вселенските летала и рускиот дел на ISS се опремени со потребните алати за поправка. Ваквите ситуации се рутински“, изјавил Дмитриј Рогозин, раководителот на руската вселенска агенција, додавајќи дека космонаутите се и психички и физички подготвени за извршување на поправките без никаков стрес.
„Леталото „Сојуз“ ќе ги транспортира членовите на екипажот назад на Земјата како што е планирано“, дополнил Рогозин.
Текстот Американски и руски космонаути се скараа на Меѓународната вселенска станица е превземен од Reporter.mk.