Градот Амстердам ќе забрани организирани тури во зоната на црвените фенери за да се намали бројот на туристи што шетаат во тој дел од градот. Градските власти велат и дека туристите не покажуваат почит кон сексуалните работнички, па дури и предложиле зоната да се пресели во друг дел од градот.
„Неприфатливо е во ова време на сексуалните работнички да се гледа како на туристичка атракција“, рекол за медиумите градскиот советник Удо Кок.
Сексуалните работнички рекле дека туристите што зјапаат во нив додека шетаат лошо влијаат врз нивната работа.
Амстердам лани го посетиле 19 милиони туристи, а се предвидува дека до 2025 година таа бројка да порасне на 29 милиони. Затоа забраната ќе опфати и платени и бесплатни тури, а ќе стапи на сила на 1 јануари следната година. Во зоната на црвените фенери неделно се организираат над 1.000 тури, а рекордот бил 48 во еден час.
Текстот Амстердам ќе забрани организирани тури во улицата на црвените фенери е превземен од Reporter.mk.