Ана Винтур, уредничката на модното списание „Вог“, ги избра најголемите модни трендови за в година.
Рамни обувки
Според нејзините зборови, рамните обувки ќе заземат водечка позиција. Наместо високите потпетици, балетанките и рамните чизми ќе бидат моделите што ќе доминираат.
Вез
Фустаните и блузите со везени детали ќе бидат апсолутен хит.
Мантил
Инвестирањето во квалитетниот мантил е добра одлука. Наредната година овој класичен модел ќе се гледа многу често.
Гардероба со принт
Впечатливиот и шарен принт ќе биде задолжителен.
Бермуди
Бермудите од секаков вид материјали ќе бидат многу популарни. Овој тренд беше хит ова лето, а ќе се задржи и в година на високо место.
Силни бои
Правилото кое важи за целата наредна година гласи: колку пошарено, толку подобро. Додајте во гардероберот неколку парчиња во весели бои.
Плетени торби
Ваквите торби изгледаат многу интересно, а се вклопуваат со речиси сè.
Текстот Ана Винтур ги избра најголемите модни трендови за наредната година е превземен од Reporter.mk.