Близок соработник на германската канцеларка Ангела Меркел, Фолкер Каудер, ги изгуби изборите за шеф на пратеничкиот клуб од нејзиниот конзервативен блок. Ваквата новонастаната ситуација дојде како изненадување за многумина и предизвика шпекулации и дека е нарушен авторитетот на канцеларка и дека ова е почеток на нејзиниот крај.
Главната уредничка на Дојче Веле, Инес Посл, денеска изјави дека само прашање на време е кога Ангела Меркел ќе падне од политичката сцена.
Каудер ја водеше парламентарната група на Христијанско демократската унија на Меркел и нејзината баварска сестринска партија Христијанско-социјалната унија, откако таа за прв пат стана канцеларка во 2005 година. Во вчерашното гласање за нов шеф на конзервативниот пратенички клуб, Каудер (68) го порази Ралф Бринкхаус (50), експертот за буџетска политика, кој бил еден од неговите заменици.
Election of #Brinkhaus as conservative parliamentary group leader is a “sign against continuation of the governing grand coalition” and a sign of the “erosion of Merkel’s authority,” says party leader of the business-friendly FDP @C_Lindner after Merkel ally #Kauder is voted out. pic.twitter.com/DVtmXPk94B
— DW Politics (@dw_politics) September 25, 2018
Во пресрет на гласањето, сите очекуваа Каудер да оствари победа. Сепак на крајот изгуби освојувајќи 112 гласови во однос на неговиот конкурент кој освои 125.
„Ова е момент на демократија, а таа вклучува и порази“, изјавила Меркел пред новинарите, изразувајќи надеж дека ќе има добра соработка и со Бринкхаусен.
Текстот Ангела Меркел доживеа тежок пораз е превземен од Reporter.mk.