Англичанец роден без пенис првпат ќе има секс

Англичанецот Ендру Вардл е роден без пенис. Од оваа нарушување на телото, кога мочниот меур и мочниот канал се надвор од телото при раѓање, боледува 1 од 30 милиони мажи. Лекарите го оперирале како бебе, па му ги вратиле назад. Му пораснале тестиси, ама не и пенис. По 44 години, тој ќе добие пенис и првпат ќе има секс со девојка.

Ендру со години криел дека нема пенис и од девојките и од пријателите. Пробал и да се самоубие, очаен поради својата состојба, ама го спречиле во последен момент. Веќе 4 години има девојка со која е во платонска врска. Во интервју за „Дејли мејл“ рекол дека таа одамна ја знае неговата тајна, иако му  раскинала кога дознала за тоа, не оти е без пенис, туку зошто прочитала во медиумите. Додал дека е среќен што лекарите конечно ќе му направат реконструкција на пенисот и што конечно ќе се почувствува како нормален човек.

За реконструкцијата на пенисот Ендру се подготвувал неколку години, а веќе имал неколку операции. Хирурзи од болница во Лондон му зеле кожа, мускули и нерви од подлактицата, па направиле пенис. Му вградиле посебна пумпа која ќе му овозможи ерекција со притискање на прекинувач што се наоѓа кај тестисите. Во стомачната празнина има вреќичка со течност која ќе помогне пенисот да се полни како што се полни пенис со крв при нормална ерекција. Со повторно притискање на прекинувачот течноста ќе се враќа назад.

Лекарите за „Дејли мејл“ откриваат дека Ендру е во последната фаза од третманот. Велат дека реконструираниот пенис мора да стои во ерекција 10 дена, а потоа тие ќе ја прекинат. Дури шест недели по прекинатата ерекција Ендру и неговата девојка можат првпат да имаат секс.

„Многу сум возбуден. Ќе ја изгубам невиноста. Поминав 44 години без пенис и се носев со тоа што не можам да имам секс. Ќе ми треба време да се навикнам. Тоа ќе ми овозможи да се чувствувам како дел од општеството“, рекол тој. „Се чувствувам добро, ама свесен сум дека во мене постои роботика. Сега сум полу-човек полу-робот. А ќе можам да имам ерекција и кога сум пијан“, се пошегувал.