Пред една година, по преживеан епилептичен напад, Цаци беше дијагностицирана со Глиобластома – малигнен тумор во моторниот кортекс, од левата страна на главата.
По итна хируршка интервенција, проследена со радиотерапија и девет циклуси на хемотерапија резултатите упатуваа кон позитивен исход, меѓутоа на последниот преглед, туморот повторно се појавил и напредува со голема брзина.
На Цаци во моментов и потребна е втора брза хируршка интервенција, која повторно ќе се одржи во Скопје, Македонија. Поради тоа што ова е еден од најагресивните форми на канцер, единствената шанса е лекувањето во специјализираната клиника на универзитетот во Тексас „MD Anderson Cancer Center“ каде што проценката за нејзиното лекување е околу 200 000 долари.
„Ве замолуваме сите кои што можете, заедно да и помогнеме на Цаци да ја победи болеста, затоа што нејзината борба е и наша борба. Донации може да се вршат преку GoFundMe и преку сметката за Цаци на Стопанска Банка со број 200003381608851“, се вели во апелот за помош.
Текстот Апел за помош на Цаци која боледува од тумор е превземен од Reporter.mk.