Астронаутите во иднина ќе користат вода за пиење со посебни својства кои треба да ги штитат од радијација за време на нивните долги летови во вселената, вклучувајќи ги и мисиите на Марс.
Ова денес било соопштено на 17. конференција за вселенска биологија и медицина, одржана во Москва.
„Водата со нови функционални својства треба на астронаутите да им овозможи поголемата отпорност на радијација. Од голема важност се лесните изотопи во водата и водата со контролиран и оптимизиран минерален состав“, е наведено во соопштението.
Особено внимание мора да се има на спречување на конзервансите од водата, од типот на сребрените јони, да не стигнат во организмот на астронаутот.
„Предлагаме да се користат вреќи полнети со мешавина на вода и грануларен полиетилен. Водата и полиетиленот содржат езерски елементи, вклучувајќи и водород, кои обезбедуваат ефикасна заштита од примарните и секундарните неутрони“, се дополнува во соопштението.
Текстот Астронаутите со специјална вода ќе се штитат од радијација во вселената е превземен од Reporter.mk.