Астронаутот што отиде на Месечината си ги тужи децата

Американскиот астронаут Баз Олдрин ги тужи своите деца и нивните поранешни бизнис-менаџери оти наводно му крадат пари. Ги тужи и за клевета затоа што велат дека боледува од деменција. Тужбата ја поднесе седум дена по барањето на неговиот син и ќерката да добијат контрола над неговите финансии, пишува Би-би-си.

Во тужбата астронаутот тврди дека синот, ќерката и поранешената менаџерка Кристина Корп му ги поткопувале романтичните врски и дека му бранеле да се жени.

Неговите деца Ендру и Џенис на суд, порано овој месец, рекоа дека нивниот татко почнал да се поврзува со нови пријатели кои сакаат да го отуѓат од семејството и дека троши пари со загрижувачка брзина.

Неговиот најстар син не е вклучен во тужбата.