Авионите „боинг 737 Max“ остануваат приземјени и по 5 јуни

Компанијата „Американ ерлајнс“ соопштила денес дека ќе ја продолжи одлуката за откажувањето на 90-те летови дневно на авионите од типот „боинг 737Max“ и по 5 јуни.

Ваквата одлука е донесена по двете несреќи кои се случија со овој тип на авиони во период од само пет месеци. Продолженото откажување од страна на најголемиот американски авио-превозник, е последен сигнал во низата дека овој тип на авиони, нема во скоро време да бидат повторно во употреба.

„Американ ерлајнс“, на 24 март соопштија дека имаат намера до 24 април да ги откажат 90-те летови кои се случуваат на дневна база. Од компанијата најавија дека планираат да го намалат производството на авиони за 20%, кое во рок од еден месец изнесува 737 летала.

 

Текстот Авионите „боинг 737 Max“ остануваат приземјени и по 5 јуни е превземен од Reporter.mk.