Познатиот австралиски инфлуенсер, Синеад Мекнамара е пронајдена мртва за време на нејзиниот одмор во Грција. Околностите околу тоа како настапила смртта на оваа млада девојка, засега не им се познати на службите.
„Инстаграм ѕвездата“, последните два дена ги минала во Грција, а деталите за тоа со кого била, засега не се познати на властите.
Нејзиниот брат Џек, за австралиските медиуми ја потврди трагичната вест.
„За жал ги примив најлошите вести во мојот живот“, изјавил братот на Синеад.
Мекнамара последната година ја минала работејќи на јахти и патувајќи по најлуксузните европски локации. На својот „инстаграм“ профил секојдневно објавувала фотографии на кои позира во костими за капење, маркирани фустани и пиејќи скапи шампањи.
Нејзините пријатели и познаници кои ги има во голем број, се простуваат од неа на социјалните мрежи.
„Фала ти што беше дел од нашиот живот. Заедничките моменти никогаш нема да ги заборавиме. Еден млад живот отиде прерано. Почивај во мир убавице“, напишале неколку нејзини пријателки на социјалнтие мрежи.
Последната фотографија, Синеад ја објавила пред четири дена.
Текстот Австралиски инфлуенсер пронајдена мртва за време на одмор во Грција е превземен од Reporter.mk.