Повеќе од половина Австрици во старосна граница од 18 до 50 години се загрижени поради својата финансиска ситуација кога ќе бидат во пензија.
Две третини не очекуваат дека ќе можат да живеат од државната пензија и сметаат дека ќе мора да имаат и дополнителни приходи. Приватното пензиско осигурување станува сè поважно и 75% од испитаниците сметаат дека ќе мора приватно да ја финансираат својата пензија, покажува истражувањето што го спровела агенцијата „Мајнунгсраум“.
Жените со поголем песимизам ја дочекуваат пензијата во однос на мажите. Дури 66% од жените се загрижени за својата финансиска ситуација во пензија, додека бројката кај мажите изнесува 54%.
Истражувањето покажува дека Австриците се загрижени и за станбената ситуација. 60% од испитанците стравуваат дека до 2040 година нема да има станбен простор што ќе можат да си го дозволат.
Текстот Австриците загрижени како ќе живеат со мали пензии е превземен од Reporter.mk.