Бабичката Џуди Кокран од Тексас убила 3,5 метри долг и повеќе од 260 килограми тежок алигатор. Таа вели дека тоа го направила затоа што сакала да му се одмазди на животното кое и го изело нејзиниот мини коњ. Американката Џуди Кокран три години ја подготвувала одмаздата на нејзиниот ранч во Гудрич и со помош на еден куршум го усмртила рептилот.
„Еден куршум во главата и само потона во водата. Тие обично пред смрт почнуваат да се превртуваат, но овој не го направи тоа“, кажала во интервју за локалните медиуми. Џуди додала дека од исчезнувањето на нејзиниот мал коњ целото време се сомневала дека токму овој рептил го изел.
Нагласила дека нејзиниот коњ бил со големина на лабрадор, па алигаторот можел да го „изеде за ужина“. „Обично алигаторите не ни прават проблеми, но овој го набљудувавме и следевме. Инаку, во овој регион еднаш годишно е дозволен лов на алигаторите, во период од 10 до 30 септември, а еден од условите за лов е дека животното мора да биде намамено, апотоа убиено“, рекла Кокран.
Текстот Баба уби алигатор оти и го изел коњот е превземен од Reporter.mk.