Необична постара дама која ги „краде машките срца ширум светот“ уште од 1928 година.
Модата навистина не знае за години, или се чини дека воопшто не ја интересираат. Дека женската убавина со годините созрева, а нејзината љубов спрема модата не се смалува, доказ за тоа е една баба по име Бади Винкл, односно Хелен Руд ван Винкл, дама која нејзините 92 години ни малку не ја спречуваат да ужива во животот.
Верувале или не, таа име преку 3 милиони следбеници на Инстаграм, меѓу кои и Ријана и Мајли Сајрус. Станала интернет сензација уште во 2014 година, а се чини дека воодушевувањето на нејзините фотографии никогаш не престанува.
Пред да зачекори во светот на гламурот, оваа баба водела прилично нормален живот. Живеела на мала фарма во Кентаки, се грижела за внучињата, убаво ја одржувала својата градина и одела секоја недела во црква. Но, еден ден нејзината правнука објавила фотографија на која Хелен е во кратки пантолони и со вратоврска околу вратот. Со помош на правнуката, Хелен го направила својот Инстаграм профил на кој под сликата напишала „јас сум лоша личност, секогаш сум била бунтовничка“, пријавувајќи се под името Бади Винкл. Првиот пост брзо станал вирален и Бади ја заследиле неверојатно многу луѓе ширум светот.
Бади ги воодушевила друштвените мрежи со својот ведар и ексцентричен начин на облекување. Нејзиниот став е „нула толеранција и грижи за туѓите мисли“ и се чини дека притоа навистина ужива додека се облекува во смела гардероба, пред кој би се замислиле и многу помлади дами. Иако можеби нејзиното чувство за стил не е по вкус на повеќето, сепак бабата навистина зрачи со некоја позитивна енергија, самодоверба и со самото тоа им дава поттик на жените ширум светот. Таа суптилно им порачува дека годините не треба да бидат проблем, дека се само бројка и дека е важна одлуката за занемарување на истите.
Бабата која ги „краде машките срца“ уште од 1928 година, навистина е вредна за секоја пофалба. Таа е жив доказ дека треба да се проживее и да се почувствува со сите сетила.
Текстот Бади Винкл на 92 години краде машки срца е превземен од Reporter.mk.