Банкнота со ликот на Карл Маркс, во апоен од 0 евра, се продава за 3 евра во сувенирниците ширум светот. Оваа банкнота-сувенир е испечатена по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите филозофи. Банкнотата е малку поголема од банкнотата од 20 евра, а е направена од истата хартија како и парите во Европската унија.
Од компанијата што ја испечатила банкнотата, велат дека е популарна и многу продавана ширум светот, а дека најмногу ја бараат во земјите од Азија.
Текстот Банкнота од 0 евра со ликот на Маркс се продава за 3 евра е превземен од Reporter.mk.