Славниот американски астронаут Баз Олдрин одби да биде дел од прославата за одбележување 50 години од слетувањето на првиот човек на Месечината.
Во вселенскиот центар „Кенеди“ пред неколку дена се одржа забава по повод освојување на Земјиниот сателит. Човекот кој чекореше по површината на Месечината, по Нил Армстронг, реши да бојкотира.
Адвокатите на Баз водат судски процес против неговите деца. Поранешниот американскиот астронаут ги тужи двете деца и неговите поранешни бизнис-менаџери за наводна злоупотреба на пари, но и за клевета. Децата тврдат дека боледува од деменција.
Фондација „Шер спејс“ е спонзор на настанот што се одржува секоја година, а Баз секогаш бил главната ѕвезда.
Тужба во семејството
„Иако се радував на настанот, поради моменталната состојба во фондацијата и проблемите со законот, решив да не присуствувам. Шер спејс ја основав во 1998 година. Сакав да го промовирам индивидуалното вселенско патување. Фондацијата сега се користи за промоција на други цели“, изјавил Олдрин за „Флорида тудеј“.
Отсуството на херојот
Ендру и Џен им заблагодариле на гостите за нивното присуство.
„Беше чест да се прослават хероите и да се одбележи 50-годишнината од мисијата Аполо 11. Жалиме и разочарани сме што на прославата не присуствуваше нашиот татко. Сепак, ние му оддадовме почит“, порачале двете деца на Баз, Ендру и Џен, преку соопштение испратено во јавноста.
Текстот Баз Олдрин одби да прослави 50 години од денот кога човекот чекореше по Месечината е превземен од Reporter.mk.