Сепак на големо изненадување на сите бебето продолжило да дише. Тој ѝ кивнал на раката на неговата мајка Бети. Неговите родители за „Дејли Мејл“ изјавиле дека веќе се подготвиле за последен пат се збогуваат со нивниот син.
Но, Кејлеб и покрај тешките оштетувања на мозокот, сепак годинава ќе го прослави својот прв Божиќ во неговиот дом во Лестершир, Англија.
„Кејлеб ми кивна на прстот ѝ ме погледна. Како да сакаше да ми каже, се ќе биде во ред мамо. Сега Кејлеб обожава да се смее. Особено кога ќе го слушне гласот на неговата сестра.“, изјавила Беки за „Дејли Мејл“.
Статистиката покажува дека на секои 1000 бебиња во Британија, три од нив или умираат од оштетувања на мозокот, или пак од истекување на крв во мозокот за време на породувањето.
Беки која се породила во својот дом, вели дека не ѝ е јасно зошто се појавиле компликации кај нејзиниот син.
„Откако забележавме дека не дише веднаш го однесовме Кејлеб во болница. Беше ставен на апарати за животна поддршка веднаш откако стигнавме во болницата, а докторите ни рекоа дека имало минимално оштетување на мозочната активност и дека нема надеж за него во иднина“, изјавила Беки.
Докторите во болницата решиле да се повлечат од давањето нега, а семејството требало да го однесе Кејлеб во специјална детска болница, каде требало да се заврши со третманот на неговиот живот.
„Немаше ништо што можевме да направиме за него. Не можев да верувам што се случи со мојата бременост. Моравме да се подготвиме да се простиме од него. Докторите ни соопштија дека Кејлеб имал катастрофална мозочна штета и дека големи се шансите да почине во секој момент. Ни рекоа дека во може да преживее само неколку минути, па го гушнав силно во моите раце“, вели Бети.
И покрај направените три дијагнози кои не им дале премногу надеж на родителите, Кејлеб преживеал. Неговите прогнози сеуште се нејасни, но тој и неговото семејство продолжува со животот и борбата. Родителите велат дека дека се горди на него.
Текстот Бебе со мозочно оштетување преживеа откако го исклучија од апарати е превземен од Reporter.mk.