Британците кои се против доаѓањето на американскиот претседател во Лондон, подготвуваат посебен подарок за Доналд Трамп. Огромен балон од Доналд Трамп како бебе, кое носи пелени, ќе прелета преку престолнината на 13 јули.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го посети Лондон на 13 јули, кога ќе треба да се сретне со премиерката Тереза Меј, но и со кралицата Елизабета II.
Учесниците во кампањата собрале околу 18.000 фунти за балонот висок шест метри, исполнет со хелиум, пишува Би-Би-Си.
За овој балон протестантите велат дека го одразува карактерот на господин Трамп, како бесно бебе со кршливо его и ситни раце.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан дал дозвола балонот да лета над градот, па така бебето Трамп ќе прелета два часа преку Лондон во петокот утрото на 13 јули.
Лео Мареј, кој стои зад оваа идеја со група на луѓе, изјавил дека Трамп навистина мрази кога луѓето му се исмеваат.
„Затоа сакаме да знае дека, кога во петок ќе го посети Лондон, сите Британци ќе гледаат во него и му се смејат“, изјавил Мареј.
Тој додал дека на почетокот имале одобрение за ваквата идеја, затоа што градоначалникот сметал дека бебето Трамп не е легитимен проект, но дека набрзо ја открил смислата за хумор.
„Бебето Трамп секап ќе лета“, изјавил тој.
Градоначалникот на Лондон соопштил дека го поддржува правото на мирни протести и дека тие можат да имаат многу различни облици.
Луѓето од градските власти се сретнате со сите организатори и дозволиле да ја користат градината од парламентот за приземјување на балонот.
Повеќе од 10.000 луѓе ја потпишале петицијата за да му се дозволи на огромниот балон да лета.
Кан и Трамп во повеќе наврати имале конфликти на Твитер, пишува Би-Би-Си.
Покрај дозволата на градиначалникот, потребни се дозволи и од полицијата и националната служба за воздушен сообраќај.
Организаторите не очекувале дека ќе соберат толку пари за балон. Парите кои ќе им останат, ќе ги искористат за да го испратат балонот на светска турнеја.
„Балонот ќе го прогонува Трамп каде и да се појави“, велат организаторите.
Трамп засега ги нема коментирано настаните во Британија.