Албанецот од редовите на репрезентацијата на Швајцарија, Валон Бехрами, му одговори на Роџер Федерер, кој по елиминацијата на фудбалската репрезентација од мундијалот во Русија ги критикуваше фудбалерите од својата земја.
Федерер бил разочаран од играта на Швајцарија на мечот против Шведска, во осмина финалето од Светското првенство. Тој истакнал дека очекувал повеќе и дека била пропуштена можност да се направи добар резултат.
„Не создадовме доволно шанси. Го добивме тоа што го заслужуваме“, истаканл Федерер.
Еден од водечките играчи на Швајцарија, Албанецот Валон Бехрами му одговорил на славниот тенисер на Твитер:
„Гледај си ја својата работа“, му напишал Бехрами.
Take care of your business.. https://t.co/JPLBjnkETK
— Valon Behrami (@ValonBera) 4 July 2018
Изјавата на швајцарскиот фудбалер со албанско потекло, предизвикала хаос во медиумите во Швајцарија. Медиумите пренесуваат дека јавноста со нетрпение го очекува одговорот од најдобриот светски тенисер.