Во Белгија е избегната голема трагедија откако механичар, чие име засега останува анонимно, го активирал митралезот „гетлинг“, со калибар од 20 милиметри, за време на поправката, по што дошло до голема ексолозија.
Авионот додека се вршеле поправките бил целосно вооружан на пистата.
Инцидентот се случил на воената база Флоренс, а нејзиниот епилог се двајца повредени техничари, еден целосно уништен авион F-16, чија цена е околу 19 милиони долари, додека вториот е тешко оштетен.
Запаливи гранати
На социјалните медиуми се објавени слики од пожарот и уништеното летало, кое покажуваат дека не се работело за каков било инцидент, како што на почетокот сакале надлежните да го претстават. Двајцата повредени техничари во базата, која се наоѓа околу 100 километри јужно од Брисел, се здобиле со тешки оштетувања на слухот. Инцидентот се случил во четвртокот попладне, а како што пренесува „Дејли Мејл“, механичарите работеле на одржување на еден авион од типот F-16, кој бил паркиран недалеку од контролната кула.
Наеднаш се слушнал голем татнеж, се слушнале истрели од митралезот „гетинг“ со калибар 20 милиметри. Во прашање бил митралез со шест цевки, кој испалува 6000 куршуми во минута. Во стандардната муниција се наоѓале и запаливи куршуми. Настрадале две летала кои биле паркирани во близина. Тие недолго пред инцидентот биле наполнети со гориво и требало да полетаат во една тренинг мисија.
Во базата веднаш била прогласена узбуна и била покрената голема спасувачка операција за да се спречи ширење на пожарот, додека густиот црн дим се ширел над базата.
Полн керозин
Во гаснењето на пожарот учествувале 30 пожарникари, додека на лице место излегле бројни возила на итна помош. Леталото кое изгорело било наполнето со околу 10.000 лиетри високозапалив керозин.
„Имавме среќа. Не можам да престанам да размислувам за тоа што се можеше да се случи“, изјавил полковник Дидие Полом, пилот кој неодамна долетал од мисија.
Борис Моренвил од белгиското министерство за одбрана, потврдил дека не станува збор за терористички акт или намерно предизвикана несреќа.
Текстот Белгиски механичар по грешка уништи воен авион од типот F-16 е превземен од Reporter.mk.