За прв пат во Македонија, граѓаните ќе може да видат бели лавови во скопската Зоолошка градина.
Директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски соопшти дека вчера пристигнала женката лавица Бела од Германија, а следната недела се очекува да стигне мажјакот Чака од Франција.
“За прв пат во Скопје и Македонија ќе има бели лавови. Планираме да донесеме бели тигри и други бели видови. Град Скопје вложува и Европа се залага за што побрзо, нашата Зоолошка да биде европска. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на скопската Зоолошка“, вели Галетановски.
Белите лавови се редок вид и се доста атрактивни за посетителите, а за нив е направено живеалиште според светски стандарди.
Текстот Бели лавови прв пат во скопската ЗОО е превземен од Reporter.mk.