Берлин прослави 70 години од најпознатиот германски колбас

Германците организираа прослава по повод 70 годишнината од каривурст, најпознатиот германски специјалитет. Станува збор за специјалитет на колбас исечен на парчиња, кој се служи со кари во прав и кечап.

Покрај каривурст, во Германија има повеќе од 1500 видови на германски колбаси. Сепак каривурст е еден од специјалитетите и најчесто се служи во хартиена чинија со помфрит.

Годишно се трошат по 800 милиони вакви колбаси. Германците го сметаат за културно наследство на земјата.

„Тајната е во квалитетот на месото. Во колбасот ставаме и говедско месо, домашно направен топол сос или кари кечап, а вкусот е огномет“, вели еден продавач на штанд со колбаси.

Каривурстот се појавил на крајот на Втората светска војна, кога храната била скапа и жителите на Берлин работеле напорно на изградба на разурнатиот град.

Текстот Берлин прослави 70 години од најпознатиот германски колбас е превземен од Reporter.mk.