Ресторанот „Мираи Шокудо“ во Токио се најде во светските медиуми поради тоа што го прави за сиромашните граѓани кои не можат да платат оброк во ресторанот. Сопственичката Секаи Кобајаши им нуди оброк на луѓе кои не можат да го платат, а за возврат тие работат 50 минути во ресторанот. Така, вели таа, се поврзува со гладните.
Досега во ресторанот работеле околу 500 луѓе кои по педесет минути работа добивале купон за оброк. Просечниот оброк во ресторанот чини околу 7 евра.
Сличен начин за водење бизнис има ресторанот „ Ѓоза Не Ошо“ во Кјото, кој им нуди оброци на студентите во замена за миење садови во кујната.
Текстот Бесплатен оброк за сиромашни ако 50 минути работат во ресторанот е превземен од Reporter.mk.