ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје.
– Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен, се вели во соопштението од прес-службата на ЈСП Скопје.
Планирано е, се наведува, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до плоштадот да се возат со панорамски автобус
Текстот Бесплатен превоз до скопскиот аеродром за пречек на Вардар е превземен од Reporter.mk.