Беверли Хилс ќе биде првиот американски град кој ќе забрани продажба на тутун

Беверли Хилс би можел да биде првиот американски град, кој ќе ја забрани продажбата на тутун. Од градското собрание во вторникот дале зелено светло дека се подготвени за ваков исчекор, се до нивното повторно состанување на 21 мај.

Со досегашниот предлог во моментов им се дозволува на туристите да купат цигари по хотелите. Исто така во три луксузни бара ќе биде дозволено да се продава тутун.

„Беверли Хилс секогаш бил водечки град кога станува збор за пушењето. Се обидуваме да бидеме пример за другите градови“, изјавил градоначалникот Џон Мириш.

Беверли Хилс веќе ја забранил продажбата на ментол цигарите и другите ароматични тутуни, како и пуштењето по хотелските соби и рестораните. Според новиот предлог на 24 локации на кои се продава тутун, а тоа се воглавно бензиски пумпи и маркети, ќе мора да се тргнат цигарите и другите производи од тутун од полиците.

Сопствениците на бензиските пумпи ја осудија ваквата мерка на дебатата во вторникот, наведувајќи дека таа неправедно ја таргетира нивната работа и дека на овој начин ќе го изгубат приходот и веројатно ќе мораат да ги оптуштат своите работници. Неки дури најавија и правни мерки.

„Ја работам оваа работа 40 години и ви велам дека главната причина зошто луѓето доаѓаат на бензиски пумпи е или бензинот или цигарите. Ако не можат да ги добијат двете, тогаш ќе продолжат и ќе заминат во соседниот град Лос Анџелес. Таму ќе набават бензин и цигари, а можеби и некое шише вино и грицки“, вели Џон Пулдар, член од семејството кое со децении ја поседува популарната станица „Јунион 76“.

Тој проценил дека новото правило би му земало 30% од приходот од неговиот бизнис. Активистите за заштита на јавното здравје изјавиле дека ги разбираат трговците, но дека и тие ќе мора да разберат дека индустријата се менува и дека производите од тутун кои се продаваат се штетни по здравјето, а во некои случаи и смртоносни.

„Трошоците се најголеми по самите пушачи. Околу 90% од нив се обидуваат да ги остават цигарите во некој момент од својот живот. Но, милиони не успеваат во тоа поради својата зависност“, вели Вилијам Мекарти, професор на Универзитетот Калифорнија кој 30 години ги изучувал последиците од пушењето.

Истражувањето покажало дека погоден пристап за тутунот им олеснува на младите да купуваат тутун и да развиваат пушачки навики, изјавил Мекарти во својата двочасовна дебата во која учествувале десетина говорници. Некои го обвиниле градот дека е лицемерен и дека овозможува пристап на тутун во баровите за пушење и хотелите.

„Очигледно е дека ова не е прашање за спасување на човечки живот како што велат, туку е само во служба на лични интереси со надеж дека во јавноста ќе биде претставено како нешто друго“, смета Џејмс Рохас од Националното здружение за производство на тутун.

Гери Рос, кој претседатувал со градската комисија за здравје и безбедност, оценил дека баровите за пушење барем ги држат пушачите надвор од улиците во градовите во кои често се жалат дека се гушат од облаците дим низ „Родео Дравј“ и другите луксузни улици познати по шопингот.

„Голем дел од пушачите се туристи од Азија и Европа, каде пушењето е вообичаено“, вели Сезар Дијас, менаџер на бутикот „Сара Пачини“.

„Димот од луѓето кои стојат надвор и пушат пред рестораните е толку густ, што мора да ги затвораме вратите, за да ја сочуваме робата“, вели Дијас.

Досега 26 американски држави го забраниле пушењето на јавни места, а на Хаваите, каде на сила е еден од најстрогите закони по тоа прашање, на почетокот на оваа година, предложено е да се забрани продажбата на цигари во фази до 2024 година.

 

Текстот Беверли Хилс ќе биде првиот американски град кој ќе забрани продажба на тутун е превземен од Reporter.mk.