Бик дава љубов и кога не ја заслужувате

 

Претставниците на знакот бик се независни и самостојни. На прв впечаток бикот делува како екстремно тивка и воздржана личност.

Nо, кога ќе се зближите со него, ќе сфатите дека бикот не е личност која само седи и ги слуша вашите монолози.

Бикот има компетитивен дух и може лесно да ја препознае слабата страна на неговата конкуренција, а во ракавот го чува најдобриот ас за да ја искористи таа слабост во полза на неговата работа.

Од сите хороскопски знаци, биковите можеби изгледаат најладно, како ништо на светот да не може да допре до нив. Меѓутоа, само нивните пријатели знаат колку љубов, чувства и топлина се кријат во нивните срца!

Кога сакате еден бик, учите да прифатите љубов, дури и тогаш кога не сте сигурни дека ја заслужувате бидејќи срцето на еден бик е огромно, а нивната љубов силна и речиси невозможна да биде игнорирана и отфрлена.

За нив, успешен е оној однос во кој постои целосна доверба и кога тие можат да си кажат себеси дека ви веруваат.

Текстот Бик дава љубов и кога не ја заслужувате е превземен од Reporter.mk.