Основачот на „Мајкрософт“ и вториот најбогат човек на светот, Бил Гејтс ја повика американската влада да ги зголеми даноците на најбогатите за да им помогне да се поправи неправедниот систем кој довел до растурање на нееднаквоста, пренесуваат американските медиуми.
Гејтс во изминатата деценија ја дуплирал својата нето вредност, а како што пренесува магазинот „Форбс“, изразил поддршка за даночниот систем според кој, ако имате повеќе пари, ќе плаќате поголем процент на данок.
„Мислам дека богатите треба да платат повеќе од тоа што во моментов го плаќаат, а тоа ги вклучува и Мелинда и мене“, напишал Гејтс на совјот блог.
Тој укажал на сè поголемиот јаз меѓу приходите на оние на врвот и оние на дното во САД, тврдејќи дека системот не е праведен и дека не би требало да постои ниту една причина која го фаворизира богатството над трудот, како што е тоа денес. Како решение на проблемот, Гејтс предлага американската влада ги зголеми даноците на најбогатите.
Неговите коментари доаѓаат откако демократската кандиатка и сенаторка Елизабет Ворен почнала јавно да ги критикува богатите и да бара воведување на даночни стапки од шест проценти, на богатствата на најбогатите. Гејтс во ноември им се приклучи на останатите скептични милијардери кон ова прашање, но се согласил дека нееднаквоста во светот претставува едно од најгорчливите прашања.
Текстот Бил Гејтс: Побогатите треба да плаќаат повисоки даноци е превземен од Reporter.mk.