Бил Гејтс: Во иднина најбарани професии ќе бидат од науката и инженерството

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, на основа на бројните податоци кои ги собрал, тврди дека во иднина ќе се бараат најмногу луѓе во областа на науката, инженерството и економијата.

Работниците кои поседуваат знаење од овие области, ќе бидат носители на промените за сите индустрии, изјавил Гејтс во едно од своите интервјуа.

„Не мислам само на основното познавање на науката, математиката и економијата. Многу кариери во иднина ќе бидат многу барани“, изјавил Гејтс.

Не морате да бидете експерт во кодирањето, но способноста да размислувате на сличен начин како експерти кои тоа го можат, ќе ви биде од помош во голема мера.

„Не е нужно да знаете да пишувате кодови, но морате да разбирате што инженерите работат и што можат, а што не можат“, објаснил Гејтс.

Според неговите зборови, луѓето со овие вештини, најверојатно ќе донесат револуција во секоја област на делување.

 

Текстот Бил Гејтс: Во иднина најбарани професии ќе бидат од науката и инженерството е превземен од Reporter.mk.